Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАШКИТЕ КОШУЛИ ОДЛИЧНО ОДЕЛЕ ВО СТРАНСТВО, АМА „МОДА“ СЕПАК ЗАВРШИ СО МИНУС – која е причината за загубата на текстилната компанија
Економија

МАШКИТЕ КОШУЛИ ОДЛИЧНО ОДЕЛЕ ВО СТРАНСТВО, АМА „МОДА“ СЕПАК ЗАВРШИ СО МИНУС – која е причината за загубата на текстилната компанија

01/03/2024

AA

Минатата година не била поволна за дел
од текстилните компании во земјава.

„Мода“ од Свети Николе објави загуба од
308 илјади евра, а како причина за тоа компанијата ги наведува намалените
производни резултати, но и повисоките плати во исто време, а голем проблем на
ова акционерско друштво му создаде земената државна помош во времето на ковид
кризата, која потоа не само што мораше да ја врати, туку и за неа да плати
казнена камата.

Оваа компанија, како што говори
нејзиниот Биланс на успехм, минатата година остварила оперативни приходи од
дури 4 милиони евра, што е повеќе за 17 проценти во однос на претходната
година.

Притоа, овој финансиски извештај
покажува дека најгполемиот дел од приходите била остварени од продажба на
странскиот пазар, наспроти домашниот. Па така, како приходи од продажба на
странски пазар се регистрирани 3,65 милиони евра што е пораст за солидни 19
проценти во однос на една година претходно.

Од самата компанија откриваат дека
извозот главно се состоел од машки кошули.

На домашниот пазар, пак, се остварени
продажби од 291 илјади евра, што е зголемување за 6 отсто во однос на истиот период
лани.  

„Во текот на 2023 година АД Мода Свети
Николе оствари производни резултати кои се номинално послаби од остварените во
2022 година. Остварен е извоз на 726.977 конфекциски единици,
што е за 9 отсто пониско од минатогодишниот. Но, треба да се напомене дека во 2023 престана да се произведува заштитна
облека која беше поедноставна и со помалку време за производство на единица
производ, и се разбира со пониски цени. Затоа вредноста на остварениот извоз во 2023 година изнесува 3.415.299 евра, и е за 22 отсто поголем од минатогодишниот“,
пишува Ангел Димитров, извршен директор на „Мода“ во образложението на
компанијата за остварените деловни резултати до инвеститорската јавност.

Тој во своето образложение дополнува и дека за да се одржи производниот капацитет во 2023 година, компанијата користела и
работници од агенциите за времени вработувања, па така во изминатата година
всушност биле остварени повеќе ефективни работни часови во однос на 2022
година, и тоа за 2,6 проценти.

Во образложението се нагласува и дека просечната извозна
цена изнесувала 4,7 евра, што е за 32 отсто повисока од онаа во претходната
година, а растот бил последица на зголемувањето на цените и на промената на
асортиманот на производството.

Според Билансот на успех, оперативните расходи на
компанијата изнесувале 4,31 милиони евра, што е за 34 проценти повеќе од
претходната 2022 година. Набавната вредност на трговските стоки пораснала за
108 отсто, а кај останатите трошоци од работењето има зголемување за 393 отсто.

Порастот на трошоците, како што објаснува Димитров во
образложението, е главна причина за загубата, и покрај тоа што остварените
приходи се за 21 отсто повисоки од претходната 2022 година.

„Но и покрај зголемените приходи, остварена e загуба во
износ од 18.949.841 денари што е резултат на  зголемените трошоци на работењето. Трошоците
за плати изнесуваат 104.134.662 денари, односно 1,7 милиони евра, што значи
дека се за 21 отсто повисоки од минатогодишните, но притоа се исплатени уште
17.517.521 денари или 285 илјади евра за плати на вработените преку агенциите
за времени вработувања“, мнагласува Димитров во образложението.

Како што нагласува, „по решение на УЈП АД МОДА ја вратила
целокупната добиена финансиска помош за март 2021 година, во износ од  6.636.172 денари или 108 илјади евра, а
исплатила и казнена камата од 1.409.523 денари или 23 илјади евра. За февруари компанијата
вратила 50 отсто од исплатената финансиска помош или 3.331.619 денари. Од Мода
велат дека е поднесена тужба до Управниот суд, и, како што велат во образложението,
„ако го добие спорот ќе добие назад 3.318.086 денари за помошта и 1.409.523
денари за исплатената казнена камата“.

Се додава и дека лани Моданема исплаќано дивиденда на акционерите, а вкупнитеинвестициивоопремаизнесуваат238 илјади евра. Се нагласува дека компанијата нема
неманикаквикредитнизадолженија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy