
Машки се првите новороденчиња во Струга, Куманово и Струмица – во Битола две девојчиња!
Машки се првите новороденчиња во новата 2024 година во Струга, Струмица
Во Струга бебето е родено денеска во 11 часот и 40 минути. Тешко е 2.880 грама и долго 49 сантиметри.
Во Струмица пак во 01:10 часот на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа Болница“ се роди момче, тешко 3.350 килограми.
Првото бебе и во Куманово е машко, родено три ипол часа по полноќ. Бебето е тешко 2.580 килограми, долго 49 сантиметри.
Антониа која се роди десет минути по полноќ во ПЗУ „Плодност“ и Илина која се роди во 02:07 часот во ЈЗУ Клиничка болница, се првите новороденчиња во Битола во 2024 година.
Бебињата и нивните мајки се во добра здравствена состојба.
