
МАСАКР ВО АМЕРИКА Убиени 8 лица, полициската потера по убиецот е во тек
Најмалку осум лица се убиени во две одвоени престрелки во предградие на Чикаго, а во нив е осомничен истиот човек, јавува Си-Ен-Ен.
Според информациите, полицијата во Чикаго почнала да го брка Ромео Нанс (23).
Познато е и името на првата жртва. Станува збор за Тојоси Бакаре, имигрант од Нигерија, а американските медиуми јавуваат дека седумте жртви од новото пукање се во роднинска врска со семејството.
Полицијата почнала да го следи автомобилот на Нанче (црвена „тојота камри“), а на адресата каде што бил регистриран, ги открила прво телата на двајца, а потоа уште пет лица.
Мотивот не е познат, само е утврдено дека убиецот ги познавал жртвите, кои се уште не се идентификувани. ФБИ се вклучи во се.