Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маса со адвокати ќе се бори за титулата на Хамилтон од 2008 година
Спорт

Маса со адвокати ќе се бори за титулата на Хамилтон од 2008 година

04/04/2023

AA

Поранешниот бразилски возач во Формула 1, Фелипе Маса откри дека во моментов се вршат проценки дали постои легален пат кој може да влијае на резултатот на шампионатот во 2008 година, кога титулата му припадна на Луис Хамилтон, а трката за Големата награда на Сингапур беше клучна за тоа.

Таа трка е позната по инцидентот кој го предизвика Нелсон Пике јуниор, што предизвика излегување на безбедносното возило на патеката и така му помогна на својот колега од Рено, Фернандо Алонсо да дојде до победата.

Освен тоа, при излегувањето на безбедносното возило Маса влезе во пит-бокс како првопласиран, а се врати дури на 13. место и остана без важни бодови во трката за титулата. Неговиот главен конкурент Луис Хамилтон го освои третото место и на крајот ја освои титулата.

По трката за Големата награда на Бразил, последна која се возеше таа сезона, Хамилтон имаше само еден бод повеќе од Маса и дефинитивно инцидентот од Сингапур го реши прашањето за светски шампион.

Маса реши да се консултира со адвокатски тим 15 години по инцидентот поради изјавата на поранешниот прв човек на Ф1, Берни Еклстон.

„Решивме тогаш ништо да не направиме. Сакавме да го заштитиме нашиот спорт од голем скандал. Дадов сè од себе да го убедам Пике да молчи. Тогаш постоеше правило дека пласманот на крајот на сезоната на никаков начин не може да се промени по церемонијата за доделување на наградите во организација на ФИА. Хамилтон ја доби титулата и сè беше во ред. имавме доволно време да истражиме што се случувало, но според правилата, требаше да ја поништиме трката во Сингапур, а во таков случај Маса ќе беше шампион“, кажа Еклстон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy