
„Маршот на ангелите“ во Кочани одложен поради празникот Водици
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ ја информира јавноста дека „Маршот на ангелите“, кој беше закажан за сабота, 17 јануари 2026 година, нема да се одржи.
Одлуката за одложување е донесена со почит кон светиот православен празник Водици (Богојавление), време кога верниците духовно се собираат, се осветува водата и се потсетуваат на значењето на Божјата благодат.
„Во духот на празникот, деновите пред Водици ги посветуваме на тивка молитва, смирение и внатрешен мир — за нашите ангели, за здравје во сите семејства и за сите кои чекорат со нас“, се наведува во соопштението.
Здружението истакнува дека целта на оваа одлука е да се почитува духовната традиција и верските обичаи, со надеж дека Божјата милост ќе биде со сите.
