
Мароко ќе го организира Африканскиот куп на нациите во 2025 година
Мароко ја доби организацијата за најголемиот континентален собир и ја заменува Гвинеја, која првично беше избрана за домаќин, но КАФ ѝ ја одзема организацијата во минатата година, па распиша нова кандидарура за домаќин.
Во трката за организација влегоа Алжир, Замбија, како и заедничката кандидатура на Бенин и Нигерија, но сите тие денеска се откажаа и се повлекоа од трката пред гласањето, па така Мароко остана единствен кандидат и ја доби организацијата.
Мароко ќе биде домаќин на Африканскиот куп на нациите првпат по 1988 година, а инаку е еден од ко-кандидатите и за Мундијалот во 2030 година заедно со Шпанија и Португалија.