Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маројевиќ: Од утре почнува испораката на топлинска енергија, согласно правилата ако температурите се високи се прекинува
Економија

Маројевиќ: Од утре почнува испораката на топлинска енергија, согласно правилата ако температурите се високи се прекинува

14/10/2023

AA

Од утре, 15-ти октомври, започнува
грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за
централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, соопшти Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.

– Во тек на грејната сезона, испораката на
топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и
дијаграми. Според овие правила, на почетокот
од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога
надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија
на потрошувачите зависи од надворешните температури и од атмосферските услови
во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на
високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска
енергија – укажа Маројевиќ.

Така на пример кога во 8.30 часот наутро ќе има температура над 10 степени ќе се прекине испораката на енергија, исто така кога по 15 часот ќе се температурите под 10 степени ќе почне ипорака на енергија, посочи директорката.

Таа укажа дека компаниите формирани од страна на
акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за
сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со
топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето
на дел од градот Скопје.

– Од вкупно 63.000
потрошувачи (домаќинства, деловни објекти и институции), 61.000 се снабдуваат
преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување,
додека 2.000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата  ЕСМ-Енергетика.

Производните капацитети во двата системи
и дистрибутивните мрежи се спремни за почеток на претстојната грејна сезона.
Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на
летниот ремонтен период, извршени се ладните проби во дистрибутивниот систем
како и редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност – дополни Маројевиќ.

Директорката појасни дека додека траат активностите за
поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот
вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на
топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО.

– Повторно апелираме до потрошувачите и “Управителите”
односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната
грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во
Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до
топлинската станица, како и да
обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија
(платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална
електрична инсталација).

Соработката од страна на потрошувачите е
во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на
топлинската енергија – укажа директорката.

Фото: Принтскрин/Јутуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема

21/11/2025
Македонија

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025
Македонија

📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон

21/11/2025
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е реален, развоен и со фокус

21/11/2025
Македонија

Мицкоски во Тирана: Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“ ја зајакнува

21/11/2025
Македонија

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем

21/11/2025
Македонија

📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна

21/11/2025
Македонија

Каде има опасност од излевање?: Сатеска, Коселска и Црна Река

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема мерки за пронаоѓање

21/11/2025

На 21.11.2025 во 01:00 часот во ОВР Прилеп С.М.(40) од Прилеп пријави дека нејзиниот малолетен син на 20.11.2025 во 14.00

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m²

📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон ЕУ

21/11/2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Како што напиша

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy