Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Во извештајот со име и презиме е наведена ДПМНЕ како партија што ја блокира работата на собранието
Македонија

Маричиќ: Во извештајот со име и презиме е наведена ДПМНЕ како партија што ја блокира работата на собранието

09/11/2023

AA

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, за вестите на Канал 5, истакна дека извештајот на Европската комисија е објективен приказ на она што се случува во целата држава, не само во владата, не само во собранието, туку во целата држава.

Имаме едно ниво на добра подготвеност на државата за продолжување на преговорите, имаме 80% од поглавјата, каде што е утврден некаков напредок, нема ниту едно поглавје, каде што се утврдува назадување, што во другите држави не е случај и имаме околу 90% од поглавјата, каде што се утврдува некакво позитивно ниво на подготвеност, истакна Маричиќ, додавајќи дека тоа не значи дека нема слабости и недостатоци, тоа значи дека се одржува позитивното темпо на реформи, и дека има уште многу да се работи.

Во извештајот се нотирани и оние работи што ние сме ги укажувале како проблем, нагласи Маричиќ и меѓу областите со добар напредок ги издвои, добриот капацитет на државната статистика, слободното движење на капитал, кое е поврзано со планот на ЕУ за раст, надворешната и безбедносната политика, во областа на амбиентот за слободата на медиумите, за работа на граѓанските организации, критичкото известување и прифаќање на предлози на граѓанските организации.

Како ретко до сега во извештајот со име и презиме е наведена ДПМНЕ како партија што ја блокира работата на собранието, и тоа се доведува во врска дека заради таа блокада има недостаток на реформи во делот на донесување на законите на време и планирање на мерките на време. Тоа кажува дека одговрноста не е само кај владата, туку ја има и кај опозицијата и кај прасоудните органи, кои што треба да ги спроведуваат законите. Опозицијата треба да се замисли, дали е вистински момент да се пружи рака и да се покаже дека имаме консесуз за евроинтеградии на дело токму преку собранието и неговата работа, рече Маричиќ.

Тој додаде дека забелешките во сите области треба да се земат сериозно, особено во делот на владеење на правото, каде веќе се работи на надминување, со покана на оценска мисија на ЕУ која што ќе даде препораки за работата на судскиот совет а истото важи за КЗ, отворивме дискусија и подготвени сме со нов КЗ да исправиме се што сметаат од ЕУ и јавноста дека можеби е проблематично.

Опозицијата е клучна да покаже едно ниво на одговорност и со уставните измени и со реформите, ако сакаме да покажеме дека навистина сме за ЕУ, нагласи Маричиќ, додавајќи дека овој извештај заедно со скриниг извештаите ни се водич како да ги направиме тие клучни патокази за да ги исправиме недостатоците, а не да утвруваме чија е вината.

Ако не бидат направени уставните измени, ќе застанеме по утврдување на тие патокази, затоа што за да се продолжи понатаму, преговарачката рамка утврдува обврска да се донесат уставните измени, нагласи Маричиќ и упати апел до опозицијата заедно да се направат уставните измени и потоа фокусот да биде само на реформите и да се види, кој е одговорен и кој може да работи подобро и кој може да испорача подобри резултати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy