Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: „Вклучувањето на научниците е од суштинско значење за реформите на патот кон ЕУ“
Македонија

Маричиќ: „Вклучувањето на научниците е од суштинско значење за реформите на патот кон ЕУ“

15/11/2023

AA

Денес, Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше свое обраќање на годишниот состанок на СОЅТ (Европска соработка за наука и технологија, организација за научно-технолошко умрежување во Европа) на кој присуствуваа високи претставници на Комитетот на СОЅТ, функционери професори и др.

Во својот говор Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на учеството на Северна Македонија во СОЅТ, кој е доказ за посветеноста на нашата научна заедница и посветените претставници на академијата, и затоа што треба да бараме можности за воспоставување солидна соработка меѓу научниците и институциите, споделувајќи го нивното меѓународно искуство за доброто на Северна Македонија.

„Како земја која преговара за полноправно членство во Европската унија, имаме можност да учествуваме во истражувачките програми на Европската унија и да ги почувствуваме придобивките уште пред пристапувањето. Ова вклучува македонски истражувачи во значајни проекти за иновации, истражување и наука. Научното истражување и споделувањето искуства се од најголема важност за нашето општество„- истакна Маричиќ.

„Ние сме посветени на нашите реформи и натамошна интеграција во Европската Унија, со нетрпение го очекуваме вклучувањето на нашата академска заедница и нејзиното значајно учество во подготовката а потоа и имплементацијата на Патоказите за владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократски институции кои произлегуваат од Преговарачката рамка. Во тој поглед, научното и технолошкото истражување и искуство би биле од суштинско значење„ – потенцираше Маричиќ.

За крај во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ им се заблагодари на заедницата COST и нејзината посветеност за унапредување на науката и ја потенцираше посветеноста на Владата за обезбедување на зголемена национална поддршка за учесниците во COST, обезбедувајќи ја ефикасноста и успехот на научниците и иноваторите, ние треба продолжиме да градиме европска иднина за Северна Македонија, каде што науката и технологијата играат суштинска улога во обликувањето на подобар свет за сите.

COST (Европска соработка во науката и технологијата) е организација за финансирање на мрежи за истражување и иновации, и е најстарата и најголема програма за вмрежување во науката во Европа која е основана во 1971 година со седиште во Брисел. Освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ, Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година.

На состанокот учествуваше и Министерот за образование Јетон Шаќири, како и високи претставници на бордот на СОЅТ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy