Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Сериозно треба да се разгледа предлог-законот за амнестија, ние имавме таков закон и во 2018 година
Македонија

Маричиќ: Сериозно треба да се разгледа предлог-законот за амнестија, ние имавме таков закон и во 2018 година

02/10/2023

AA

Ние имавме таков закон и во 2018 година и се додека целта на тој закон е оние коишто се казнети со помали казни, или оние коишто веќе издржале голем дел од својата казна, да можат да бидат ослободени мислам дека сериозно треба да се разгледа, бидејќи знаеме дека тоа е еден од начините како да се растоварат затворите. Но, и не само тоа, како да се направи казнената политика и подинамична и посоодветна, бидејќи навистина сега како што е можеби е во некои делови престрога, одговори денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, на новинарско прашање во врска со Законот за амнестија.

Тој истакна дека било најавено и повторно отворање, односно приложување на оној целосен нов Кривичен законик и додаде дека треба пообјективно да ги гледаме овие работи.

– Бидејќи сме имале еднаш таков закон, целта е исполнета, а тоа е тие што се со мали затворски казни до шест месеци или оние коишто одлежале најголем дел од казните да имаат можност да излезат порано, нагласи Маричиќ.

Вицепремиерот на прашањето зошто тој не е дел од стратешкиот тим за евроинтеграции на СДСМ, одговори дека тоа е стратешки тим за градење стратегија на партијата, не е специфично за евроинтеграции.

– Да, јас учествувам во други тела на партијата, тоа е така договорено, јас сум се согласил со тоа и секој во партијата има свои задачи, така што давам целосна поддршка на работата на тоа стратешко тело, рече Маричиќ.

На новинарското прашање дали постојат сознанија каква е бугарската реакција на барањето во француско-германскиот предлог за укинување на ветото во процесот на евроинтеграција, Маричиќ истакна дека нема официјална реакција, но, како што вели, сигурен е дека кога ќе дојдат тие теми да се дискутираат ќе има држави, не само Бугарија и други, кои ќе имаат забелешка на тој начин на менување на принципот на едногласност во делот на проширувањето.

– Но, тоа е борба која што ние не треба да ја биеме, тоа е битка внатре во ЕУ. Ние треба да се погрижиме во моментот кога ќе дојде времето да се носи одлука за наше членство во ЕУ никој да нема против. Тоа ни е многу важно, нагласи вицепремиерот за европски прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy