Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Пратениците да бидат одговорни и заеднички да работат на патот кон ЕУ
Македонија

Маричиќ: Пратениците да бидат одговорни и заеднички да работат на патот кон ЕУ

09/03/2023

AA

Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година е објективен приказ на државата и одржливост на реформите, а ги нотира и областите каде што треба повеќе да се работи, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ од собраниската говорница за време расправата по документот во Собранието, што започна денеска откако претходно поминаа дебатите во парламентарните тела.

Маричиќ посочи дека земјата е на средина од скринингот со ЕУ и оти Собранието е најсоодветното место за дебати за Унијата.

Според вицепремиерот државата не назадува, има стабилен континуитет и оди напред. Тој се осврна на одредени наоди од Извештајот, но исто така информираше дека наскоро треба да ги добиеме извештаите од скринингот од првиот и вториот кластер, како и дека ќе треба да се подготват акциски планови за работа. Маричиќ им најави на пратениците од различните политички опции дека наскоро ќе добијат покани да номинираат експерти за три патокази.

Како ќе се одвиваат реформите и нивната динамика, истакна Маричиќ, зависи од самите нас. Тој апелираше до сите пратеници да имаат предвид дека усвојувањето на овие патокази е од исклучителна важност за сликата за нас пред ЕУ, но и пред граѓаните.

Маричиќ побара од пратениците Собранието да биде форум на патот кон ЕУ со приоритет на реформите, вклучувајќи ги и уставните измени. Тој ги повика пратениците да постапат одговорно и партиските работи ќе ги остават настрана а се што поврзано со ЕУ да го спроведат заеднички.

Пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Извештајот за земјата е негативен и дека има многу повеќе ниски, отколку повисоки оценки. ВМРО-ДПМНЕ, потенцира таа, е за европеизација, додека за ЕУ не се оние што се занимаваат со криминал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy