
Маричиќ: Опозицијата ја користи секоја прилика за да го испразни Собранието од содржина и суштина
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на Телма истакна дека опозицијата со ова што го прави, не пропушта прилика да го испразни Собранието од содржина и суштина.
„И пратничките прашања се такви, а и овие бескрајни дискусии кои немаат никаква поента и се повторуваат. Кога власта демонстрира мнозинство по некое прашање, а тоа уште првиот ден го покажавме со гласањето за дневен ред, нема поента сите 40 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се пријават да зборваат за еден министер“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека после две и пол години блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали целосната блокада на Собранието е легитимна политичка стратегија.