
Маричиќ: Не сум испраќал вербална или гестикулативна порака до пратеничката Дафина Стојаноска
Пратеничката Дафина Стојановска денеска од говорницата во Собранието на сесијата пратенички прашања го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека и испраќал цинични бакнежи и намигнувања, на што веднаш реагираше владиниот функционер со демант на социјалните мрежо.
„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.
Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации.