Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ
Македонија

Маричиќ: Младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ

21/06/2023

AA

Преговорите со ЕУ нè обврзуваат да исполниме сè она што е потребно за да обезбедиме одржлив развој на државата преку образование и економија која е базирана на знаење, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на дебата со младите која се одржа во Европската куќа во Битола.

Според Маричиќ, младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ.

-Најважните ресурси на македонското општество се студентите, кои со нивното знаење нè прават да бидеме конкурентни на европскиот пазар на труд. Целта на Владата е младите да останат дома и да придонесат за сеопфатниот напредок на Северна Македонија и да живеат и работат во својата држава, додаде вицепремиерот за европски прашања.

Тој истакна дека независните и професионални институции, владеењето на правото и квалитетното образование се здрав темел за напредок и развој на нашата држава.

На дебатата беше потенцирана и важноста од учеството и активноста на нашата држава во искористеноста на европските образовни програми, особено Еразмус +, која како што кажа Маричиќ, отвора многу можности и простор за интеракција со луѓе од различни култури и националности, што е потврда за почитувањето, уважувањето и обединувањето на различностите, како вредност која ја негува ЕУ.

На денешната дебата со студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на тема „Учествувам и придонесувам: За нови европски можности!“ учествуваа и проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска, Еразмус координатор и Координатор на повеќе проекти од ИПА програмите за прекугранична соработка, Христијан Георгиевски, претседател на студентското собрание на Високата медицинска школа и Елена Грујоска, претседателка на Факултетско студентско собрание на Правниот факултет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy