Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Македонскиот јазик е нашиот корен и наша иднина
Македонија

Маричиќ: Македонскиот јазик е нашиот корен и наша иднина

05/05/2023

AA

По повод Денот на македонскиот јазик вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се обрати на панел-дискусијата на која рече дека во сите преговори со Европската Унија и со Бугарија, секогаш клучна црвена линија бил бил македонскиот јазик.

– Никогаш не отстапивме од јазикот и немаме намера, ни право, да отстапиме. Токму затоа и успеавме македонскиот јазик да го вметнеме во преговарачката рамка, како јазик на којшто треба да се преведе целото европско законодавство, и на којшто веќе се преведува, и како јазик на којшто ги склучуваме и потпишуваме договорите со Европската Унија, рече Маричиќ.

За сентенцата на Блаже Конески, „Јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина“, Маричиќ рече дека е „трајна порака и аманет од Конески за јазикот кој мораме да го одржиме жив и активен, за да ни биде жива и државата и македонскиот идентитет“.

– Го отсликува контекстот во тоа време кога е искажана, со целиот историски товар на македонскиот јазик и колку била тогашна Македонија цел на промена и на намери, и на напади, и на окупатори, менување на граници, системи и власти, јазикот ни бил константа. Тоа е во историски контекст. Товарот кој го носи оваа порака денес е многу поголем и е дел од нашата политичка агенда, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека јазикот ќе го одржиме жив ако го користиме, ако на него пишуваме и ако го негуваме, укажувајќи дека во Европската Унија јазикот е дел од идентитетот, и се негува како вредност.

– Токму затоа инсистираме на тоа дека во процесот на зачленување кон Европската Унија дека мора јазикот да ни биде заштитен, бидејќи не пристапуваме кон некои анахрони, застарени унии од минатото, туку баш кон Европската Унија, којашто е врв на почитување на различностите. Успеавме да го вметнеме во преговарачката рамка како јазик на кој се преведува европското законодавство и на кој се потпишуваат договорите со ЕУ и водат преговорите со ЕУ, додаде Маричиќ.

Маричиќ кажа дека во Секретаријатот за европски прашања вложува многу во доследен превод на европското законодавство, за што издвојуваат по 20 милиони денари од својот буџет за превод последните две години, но и дека имаат помош од Кралството Шведска и Норвешка преку програмата УНОПС од околу 250 илјади долари годишно, и околу 20 илјади евра од Европската Унија, и на тој начин успеваат на годишно ниво да преведат околу 60 илјади страници од европското законодавство на македонски јазик.

На крајот Маричиќ го поздрави новиот закон за македонски јазик и посочи дека треба секоја институција да се погрижи за лектурата и да има лектор коишто ќе внимава и на официјалните дописи, но и на другите материјали, но побара и да се обрне внимание на професорите по македонски јазик, бидејќи тие се тие што ќе го држат нивото на стандардниот јазик.

На настанот кој се одржа во Национална опера и балет се обрати ја и министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, Елена Јованова-Грујовска, Директорка на Институт за македонски јазик при УКИМ, Наташа Аврамовска, Директорка на Институт за македонска литература при УКИМ, Људмил Спасов, Претседател на Советот за македонски јазик при Владата и Весна Мојсова-Чепишевска, Директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy