Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ – Гир: Заедничката посветеност за евроинтеграција носи успех, како за државата така и за граѓаните
Македонија

Маричиќ – Гир: Заедничката посветеност за евроинтеграција носи успех, како за државата така и за граѓаните

15/01/2024

AA

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија Дејвид Гир, каде што ги нагласија клучните чекори направени кон пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, како и главните заеднички достигнувања на кои посветено работат на патот кон ЕУ .

Признавајќи ја непоколебливата посветеност на амбасадорот Гир, вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за непроценливото вклучување и ангажман на амбасадорот за евроинтеграцијата на државава. Истакната беше важноста од соработката која што не само што ги зајакнува билатералните врски, туку и ја поттикнува Северна Македонија кон успешно реализирање на важните процеси, на патот кон успешно реализирање на реформите, на патот кон полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата напомена дека соработката со амбасадорот Гир е доказ за трајното партнерство меѓу Северна Македонија и ЕУ, посветеноста и заедничкиот интерес да бидеме дел од Европската Унија.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека Северна Македонија останува решителна, ги негува заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со европската заедница, кое игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди.

Поддршката која доаѓа од ЕУ е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на преговарачкиот процес – истакна Маричиќ.​

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува

07/04/2026
Македонија

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15

07/04/2026
Македонија

Клековски: Здравството во Македонија со соодветни издвојувања, но со високи

07/04/2026
Македонија

Уапсени седум лица – сузбиена организирана криминална група инволвирана во

07/04/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАЈАКНУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Во Вашингтон ќе се

07/04/2026
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42214
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува реформи во ФЗО, дигитален рецепт

07/04/2026

Во Македонија се издаваат повеќе од два милиони рецепти месечно, односно над 24 милиони на годишно ниво, со вкупна вредност

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15 локации, запленети се дрога, оружје,

07/04/2026

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ

Клековски: Здравството во Македонија со соодветни издвојувања, но со високи очекувања од граѓаните

07/04/2026

Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ говореше за издвојувањата за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy