
Маричиќ: До крајот на јули амандманите да бидат во Собрание
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ очекува Владата да процени кога е најдобар момент да ја пушти иницијативата за уставни имени во Собрание.
– Очекувам владата да процени кога е најдобар момент да ја пушти иницијативата во Собрание.
Сметам дека треба да се даде уште неколку дена за дијалог со опозицијата иако е јасно дека тие нема да седнат на маса со нас. Нашата врата ќе остане отворена за дијалог.
Би сакале во текот на летото да ги испратиме амандманите, знаете дека крајниот рок за завршување на комплетната процедура за уставни измени е крајот на ноември.
Краен рок би требало да бид летото, најдоцна во месец јули доколку сакаме да стигнеме во ноември со сите рокови – рече Маричиќ.

