
Марија Шерифовиќ е болна, едвај зборува
Марија Шерифовиќ по концертот во Тузла добила треска, по што не се појавила на закажаното снимање на емисијата на Ѕвезда Гранда.
Имено, таа се огласи во својот нов блог на Јутуб и призна дека е болна веќе неколку дена, и дека е настината и пред концертот во Тузла кој неодамна го одржа.
Марија проговорила од креветот и рекла дека е „мртва болна“ и додала дека едвај зборувала поради степенот на настинка што и влијаел на гласот.
– Сега е петок, требаше да заминам за Тузла, но се разбудив мртва болна. Како ќе заврши ова, не знам. Денеска станав, земав лекови, и се вратив во кревет. Ќе дремнам малку, па ќе видам што ќе се случи – рекла таа.

