
Мареј со чудна објава: Со Ѓоковиќ бевме ривали, партнери и – љубовници (ФОТО)
Тој престојот во француската престолнина сака максимално да го искористи, пред се за добра забава пред целосно да се посвети на семејството. На ова патешествие му се придружи и Новак Ѓоковиќ, кој со Британецот помина подолг дел од патувањето на АТП турнејата. Тие се познаваат уште од мали нозе, па не е изненадување што тој си даде слобода да „пласира“ малку незгодна шега со својот стар пријател. Мареј сподели неколку фотографии со Србинот и се потсети на дел од тоа што го поминале заедно.
„Ривали, партнери во двојки, пријатели и љубовници? (Видете ја третата фотографија)“, напиша Енди на Инстаграм.
Фотографот на „спорната“ слика го фатил моментот кога Енди и Новак беа блиску еден до друг како да ќе се бакнат, па тенисерот од Шкотска го искористи за да се пошегува. Мари двапати го освои олимпиското злато, па дури и да не направи ништо во Париз, каде што ќе настапи само во двојки, ќе остане запаметен како еден од најголемите тениски олимписки великани.
