
„Маракана“ во пламен: Флуминенсе првпат во историјата е шампион на Јужна Америка (ВИДЕО)
Тоа беше меч кој уште еднаш докажа дека фудбалот е религија на овој континент, исполнет со многу возбудувања, три гола, два црвени картони и многу солзи за време и по натпреварот. Кано ги донесе Бразилците во водство во 36. минута, додека Адвинкула во 72. минута го изедначи резултатот по што следуваа продолженија. Стрелец на победничкиот погодок беше Џон Кенеди во 99. минута, по што отиде да слави со навивачите поради што доби втор жолт картон и неочекувано мораше во соблекувалната.
Набрзо потоа голема глупост направи и Фабра од тимот на Бока, кој удри противнички фудбалер во лицето, па доби директен црвен картон. Аргентинците до крајот напаѓаа, но не созадоа ниту една конкретна прилика за изедначување. Последниот свиреж на судијата означи и почеток на големото славје на „Маракана“, кое дефинитивно ќе продолжи на плажите на славната Копакабана. Бока имаше огромна поддршка, преку 100.000 фудбалски фанатици деновиве ја минале границата со Бразил, но тоа не им помогна на фудбалерите на овој тим да дојдат до посакуваниот успех.

Флуминенсе со ова стана 11. бразилски тим што се искачил на кровот на Јужна Америка.

