
Марјан Стаменковски повторно пренесен во болница – се пожалил на болки
Сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, денеска од притвор повторно е пренесен во болница.
Информацијата за „360 степени“ ја потврди директорот на затворот во Шутка, Филип Андов.
„Денеска, околу 11 часот, Стаменковски пак се пожалил на болки, иако прима терапија по вчерашниот ден. Брзата помош одлучи дека повторно треба да се транспортира, по што е префрлен во Градската болница ‘8 Септември’“, вели Андов.