Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манолева: Дополнителната заменик министерка Петрова го блокира процесот на вработување на 1117 лица во јавното здравство
Македонија

Манолева: Дополнителната заменик министерка Петрова го блокира процесот на вработување на 1117 лица во јавното здравство

12/02/2024

AA

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска одржа прес-конференција на која информираше дека дополнителната заменик министерка за финансии, Елена Петрова го блокира процесот на вработување на 1.117 лица во јавното здравство.

Во продолжение, ви го пренесуваме нејзиното обраќање во целост:

-Денешната прес-конференција ја користам да упатам сериозна загриженост поради неодговорното однесување на дополнителната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петрова, која го блокира процесот на вработување на 1.117 лица во јавното здравство. Ова не само што е неодговорно, туку е и опасно за нашето здравство, за граѓаните и за вработените во здравствениот систем.

Да потсетам, Владата обезбеди решение за статусот на најголем дел од вработените во здравството со договор на дело и на неопределено време. Со одлука на Владата се обезбедени вработувањата на 1.117 лица во здравството.
Но, овие вработувања се блокирани од дополнителната заменик министерка за финансии, Елена Петрова, само неколку дена пред изборите, без посебна причина, без тронка одговорност кон вработените во здравствените установи и без тронка грижа кон пациентите на кои им е потребна професионална грижа и нега. Ова не може да се дозволи!
Никој, посебно не функционери во извршната власт, не смеат да играат со судбината на 1.117 млади здравствени работници и да претставуваат главна пречка во работата на здравствените установи.

Нашите доктори и здравствени работници се една од најголемите вредности во нашата држава. Тие ги заштитуваат нашите животи, го подигнуваат квалитетот на здравство и се борат за нашата здравствена состојба. Ние не можеме и не смееме да дозволиме ваквите политички игри да ја стават под ризик работата на здравствените работници.
Младите доктори и македонското здравство не се тема за политика. Тие се претставници на здравјето на граѓаните и мора да бидат заштитени и потпомогнати во секој аспект, без разлика на политичките збиднувања во државата.

Ваков тип блокади досега немало и не смее ова да стане политичка пракса, затоа што унапредувањето на здравствениот систем во земјава не смее да зависи од несовесното однесување на поединци. Нашите доктори докажаа дека тука можат да изведуваат софистицирани интервенции, од најсложени операции до трансплантации коишто во минатото ги немало.
Затоа сите оние млади доктори и други здравствени работници коишто работат во моментов под договор треба да го продолжат своето работење во јавните здравствени установи и да го надополнуваат својот, меѓутоа и здравствениот капацитет на државата. Покрај овие 1117 лица, од јавно-здравствените установи веќе е побарано до Министерството за финансии да одобри дополнителни вработувања на неопределено време, со што би се искористил потенцијалот за вработување на нови здравствени работници (доктори, медицински сестри…) и помошно технички персонал.

Овие вработување се и една од мерките како да се задржи младиот и стручниот кадар во Северна Македонија. Затоа, јавно барам од дополнителната заменик министерка за финансии веднаш да го одблокира процесот и да ги потпише документите.
Овие лица се клучни за напредокот на нашето здравство, особено со големиот број на универзитетски кадри и големи општи болници и здравствени домови. За овие работи мора да бидеме совесни, да го ставиме здравјето на граѓаните пред сè друго, мораме да ги заштитиме нашите доктори, здравствени работници и пациенти, без притоа да дозволиме да бидат дел од политичките игри што носат штета за општото добро на сите граѓани во Република Северна Македонија, изјави Манолева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy