Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манев за убиството на Вања: Палчо ја фотографираше за да прати слика на семејството, а потоа преку перница веднаш испука куршум во неа!
Македонија

Манев за убиството на Вања: Палчо ја фотографираше за да прати слика на семејството, а потоа преку перница веднаш испука куршум во неа!

12/03/2025

AA

Обвинетиот Велибор Манев за двојното убиство на Вања и Панче денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа како се случило грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Манев рече дека од трет пат им успеало да ја грабнат Вања, откако првите два обиди биле неуспешни, а потоа се упатиле кон местото Дупки, каде што Палчо испукал куршум во неа, и потоа ја закопале.

Велибор Манев одговараше на прашања на својот бранител Горан Бошевски.

Бошевски: Како го изведовте грабнувањето и кој?

Манев: „Првиот пат беше неуспашно за изведување, кога се вративме во канцеларијата, Палчо ни го објасни системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда. Ни го објасни внатрешниот енериер и распоред на скалите. Дека има позади подрумски скали и дека од внатре може полесно да се земе жената. По што ни објасни што како утрото, кога ситгнавме таму Влатко остана во колата на Панче. Јас и Боре влеговме во влезот на зградата. Влеговме но немаше сијалици, темно беше, светлина доаѓаше од самиот влез на влезната врата и чекавме, временски од време на време Палчо на моторола ни кажуваше саатот колку е, и како се движи времето за до 07.20 кога излегува жената. Во 07.20 јас бев под скалите скрос, Боре чекаше со селотејп лента на раката ставена и кога се симнуваше особата Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме под скалите во потемното“.  

Бошевски: Од каде излезе женското лице?

Манев: „Од лифтот спуштајќи се по скалите надоле, за да излезе надвор од влезот. Според слики кои ни ги кажувае и да ги гледаме на телефон, особата беше идентична. Беше таа која ни ја покажуваше. Ја врзавме, јас ставивме во вреќа за спиење, која претходно ја земавме од канцеларија,  И така врзана, на Влатко му беше јавено да ја донесе колата пред влез, да го отвори гепекот за да може да ја ставиме во гепекот. Потоа продолживме да се движиме по насоките на Палчо. Стасавме до местото Дупки и го отворивме гепекот, Палчо ја праша како се вика, кој е татко, мајка од кој е, и откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот кога го тргнав, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена. Одма му рековме јас и Влатко бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го пуштиме назад девојчето, бидејќи сме под маски нема никој видено да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, се е чисто, нема за што да се бере гајле. Потоа кажа дека првичната сума која ни ја понудил за грабнувањето, нема да може да се земе и ни рече дека сумата ќе биде помала. Се свртев да гледам кон лозјата, за да видам бидејќи беа некои запуштени лозја кон напуштените соби. За да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав, Палевски пријде на детето со пиштолот и со перниче во рака и го испука куршумот преку перниче и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето. Копавме колку што копавме во таа смрзната земја и ја фати од едната старана од кај главата и јас и Влатко од другата страна ја спуштивме во дупката заедно со Палевски. Палчо ја извлече вреќета и ја фрли во возилото на Панче. Нареди да закопуваме, со солзи во очите без да ме видат, почнав да закопувам. После тоа ни нареди да тргнам по него, јас го возев на Панче возилото, тој напред возеше пред нас пикапот и тргнавме кон Глуво па од таму се спуштивме и таму во нива го запаливме возилото. 

Бошевски: Дали вие или други имате оружје?

Манев: Љупчо Палевски имаше, но му го одземаа при еден претрес кај Демир Капија. Знам и за Боре Видевски дека бил обезбедување на директорот на Жито Вардар, така имаше и пиштол. Марка не знам. Јас немам оружје ниту се разбирам.

Бошевски: Со кој комунициравте од обвинетите по настанот?

Манев: Па со Палчо највеќе, ми рече „не се секирај се е чисто, не бери гајле“. 2-3 пати ми се јави дури едно по друго. Не се сеќавам точно, но ги има во доказите точно кога и како се јавуваше и тоа е. Со Боре од време на време се слушавме по телефон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy