
Мане се враќа во Премиерлигата, но не во Ливерпул!
Новинарот Педро Алмеида пишува дека веќе се почнати преговори за трансфер на Садио Мане од Баерн Минхен во Челси.
Наскоро Маурисио Покетино ќе биде назначен за нов тренер на Челси, а негова желба е тимот да се засили и со нов напаѓач.
Мане оваа сезона одигра 36 натпревари за Баерн Минхен, постигна 12 голови и пет асистенции.
И покрај солидните бројки, тој не се прилагоди најдобро во баварскиот клуб, а физичкиот напад врз Сане само му ја влоши ситуацијата.
