
Манчестер јунајтед почна да добива понуди за Гринвуд
Додека англискиот гигант прави интерни анкети дали да му даде нова шанса на Мејсон Гринвуд, на адреса на клубот почнаа да пристигнуваат понуди за него.
Засега тие се од турски клубови бидејќи тамошните клубови се уште можат да ангажираат нови играчи. Наводно се работи за барања за позајмица до крајот на сезоната.
Иднината на Гринвуд кој беше обвинет за силување, но случајот доби позитивен крај за него, ако не биде решена сега, ќе биде решена на лето.