
Манчестер сити ќе го „одврзе ќесето“ за еден од своите најдобри фудбалери
Тренерот Пеп Гвардиола не може да си дозволи да остане без Родри, кој во моментов заработува по 210.000 евра неделно, па затоа ќе го „одврзе ќесето“ и ќе му даде многу поголема плата.
Преговорите меѓу „граѓаните“ и шпанскиот фудбалер ќе почнат на крајот на сезоната, а дотогаш главен фокус на актуелниот англиски шампион остануваат титулите во Премиерлигата и Лигата на шампиони.
