
Манчестер одново капитулира, овој пат прими гол со – рамо! (ВИДЕО)
Баде го постигна својот прв гол во Европа откако Ракитиќ изведе корнер, а францускиот стопер се вивна високо над својот чувар Касемиро и ја зафати топката со рамото. Таа доби идеална патека да го измами Де Хеа и од пречката да се одбие во голот.
