Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАН БАРА МЕРКИ ПРОТИВ СИТЕ ВО СДСМ КОИ НАВРЕДУВААТ И ТАРГЕТИРААТ НОВИНАРИ Здружението жестоко реагира на пресот на Филипче
Македонија

МАН БАРА МЕРКИ ПРОТИВ СИТЕ ВО СДСМ КОИ НАВРЕДУВААТ И ТАРГЕТИРААТ НОВИНАРИ Здружението жестоко реагира на пресот на Филипче

11/01/2026

AA

Македонската асоцијација на новинари (МАН) испрати реакција откако лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција не дозволи новинарско прашање од ТВ Алфа коментирајќи со зборовите „фејк њуз“ и „престанете со пропагандата на ВМРО“.

„МАН без да навлегува во внатрепартиските превирања во СДСМ, бара од надлежните институции да преземат мерки против: сите претставници на партијата кои шират омраза, напаѓаат, клеветат, навредуваат и таргетираат новинари и медиуми, самата партија СДСМ која се залага за истото и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма која е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија“, се наведува во реакцијата на Здружението.

Од МАН посочуваат дека „нема да дозволат да се повтори прогон на новинари и медиуми како во времето на мрачниот режим на Зоран Заев, ментор на Венко Филипче, кој ги прогласуваше медиумите за непријатели, организираа протести пред домовите на нашите членови и користеа физички напади врз новинарите, а со помош на обвинителството и судството вршеа и вршат прогон на сите професионални новинари и медиуми кои не се под контрола на СДСМ.“

„Љубомир Јовески и Љупчо Коцевски, контролирани од СДСМ се директно одговорни за прогон на над 60 професионални медиумски работници, затворање на дневни весници и две телевизии во режимот на Заев. Овој пат, нема да оставаме стапови пред штабот на СДСМ за да нѐ тепате и лисици пред Обвинителство за да нѐ апсите. Овој пат, знаеме како, нема да дозволиме враќање на режимот на Заев преку Филипче“, соопштија од МАН.

Од СДСМ денеска го обвинија МАН дека нивните „соопштенија и реакции се напади врз СДСМ напишани од ВМРО-ДПМНЕ.“

„Сите соопштенија излегуваат од кујната на ВМРО. Истата канцеларија, истиот центар пишува за МАН, пишува за Алта банка, за квислингот, за сите. Во таа паника, вчера соопштението на здружението МАН го започнаа со: ‘Овој пат нема да дозволиме враќање на режимот на Заев преку Филипче’, како да се политичка партија, а не здружение на новинари“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy