Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Мамо, жив сум“: Мајка добила повик од синот додека го закопувала по убиство
Македонија

„Мамо, жив сум“: Мајка добила повик од синот додека го закопувала по убиство

23/10/2023

AA

За една мајка од Хондурас, најтрагичниот ден во нејзиниот живот се покажува како најсреќен. Вилма Фуентес не може да поверува дека нејзиниот 14-годишен син е жив. Таа добива известување од него на денот кога го оплакува неговото тело во ковчег, објавија локалните медиуми.

Семејството верувало дека Осман бил брутално убиен. На 15 октомври роднините на момчето добиле повик од органите на редот дека неговото тело е пронајдено во неговиот роден град Ла Ентрада, во близина на границата со Гватемала. Телото имало повеќе прострелни рани на главата и вратот, а лицето било тешко изобличено.

Иако не беа пронајдени никакви карактеристики, членовите на семејството го идентификуваа убиеното момче како Осман Адонаи Урбина. Трага од изгореница на раката на жртвата ги убедила дека е тој. Полицијата потоа го ослободила телото. Така роднините на Осман можат да се простат од него.

Додека семејството е во длабока жалост и се собира на бдение пред ковчегот на момчето, одеднаш се испостави дека тој е жив. Заѕвони телефонот на ужалената мајка, а од другата страна се слушна гласот на Осман кој вели „Здраво, јас сум и воопшто не сум мртов. Жив сум, мамо“.

Ужалената жена не можела да поверува и мислела дека се работи за шега. Потоа и Осман ја контактирал преку видео врска.

На екранот се појави среќното и блескаво лице на момчето. Се испостави дека тој се наоѓа на границата меѓу Гватемала и Мексико, а церемонијата на жалост беше веднаш прекината.

Неколку недели претходно Осман замина за САД, а мртвото момче се покажа дека е уште еден исчезнат тинејџер – 15-годишниот Џими Сармиенто.

„Вистината е дека тие личат. Го исчистивме и го оплакувавме телото, но се покажа дека тоа не е мојот син. Бевме збунети, полицијата – исто така“, посочува Вилма Фуентес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЕВЦИ ВО ЊУЈОРК ГИ НОСЕЛЕ И КУЧИЊАТА И СОВЕТНИЦИТЕ „Епската“

23/09/2026
Македонија

680 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ВО СКРИЕНА ПАРЦЕЛА Полицијата откри нелегална плантажа

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ „Не само да говориме

23/09/2026
Македонија

РОЗИ МИЦКОСКА НА ПРИЕМ КАЈ МЕЛАНИЈА ТРАМП Светска иницијатива за

23/09/2026
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45739
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy