
МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот во Скопје

Малолетник зад волан предизвикал тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, при што бил повреден пешак кој се бори за живот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот, кога патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од малолетно лице, удрило во паркиран автомобил, а потоа и во пешакот И.Ф.
Повредениот пешак со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите му констатирале тешки телесни повреди, поради што е во животно загрозувачка состојба.
Од МВР соопштија дека за настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полициските екипи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.
.

