
Малолетник повреден со остар предмет во Тетово, според пријавеното тоа било детска игра!
Вчеравечер (29 ноември) во 21 часот и 30 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово со повреди од остар предмет, а кои, според пријавеното, во детска игра, на улица „Илинденска“ во Тетово, му ги нанел друг малолетник, исто така, од Тетово.
Се расчистува и документира случајот.
