
Малолетник од скопско Студеничани си возел мигранти, полицијата го уапси!
На 24.01.2024 во 20.00 часот на автопатот А1, Неготино – Градско, во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност лишиле од слобода малолетник од с.Студеничани, скопско.
При контрола во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
