
Малолетници се тепале во Битола, се заканувале со остар предмет
На 28.05.2023 во СВР Битола Ш.В.(31) од Битола пријави дека на ул.Петта во близина на место викано ,,Црквичето” нејзиното малолетно дете било физички нападнато од страна на двајца малолетници, а еден од малолетниците и се заканувал со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

