
Малолетници послужувани со алкохол на „Градиште“ – следуваат пријави!
На 03.08.2025 во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште“, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнаа вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол.
По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.