Малите селски продавнички на удар на владината мерка за ограничување на маржите
Малите трговци од руралните средини ќе се најдат на удар на одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи на 70-тина прехранбени производи до 10 отсто до 31 октомври.
Тоа според Националната земјоделска мрежа ќе го поттикне нивното затворање и иселувањето на руралните жители од населените места со 100-тина луѓе.
Проценките се дека ваквите ограничувања ќе придонесе за затворање на 100 мали продавнички во зафрлените места, а мештаните ќе си заминуваат кога ќе немаат од каде да ги набават основните намирници
– Пример село со 100 жители, ако одат по 30-40 километри да купат тоа што им треба, тоа ќе значи уште поголемо иселување од тие места. Покрај тоа, на продавничка за земјоделски производи работите калираат и губат до 20 отсто од масата, вели Диме Димитријоски од Националната земјоделска мрежа.