Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума
Македонија

Малите одгледувачи на свињи во Кочанско не знаат кога повторно ќе можат да чуваат животни поради африканската чума

26/02/2023

AA

Одгледувачите на свињи од кочанскиот регион, кои на семејните фарми чуваа по едно до две грла за сопствени потреби, сè уште не знаат кога повторно ќе ги наполнат одгледувалиштата поради болеста африканска чума.

Загрижени се што по повеќе од половина година откако беа преземени ветеринарно-санитарните мерки поради неколку заболени животни, во селата во општина Чешиново-Облешево беше направена сериозна депопулација на домашните свињи.

-Живееме на село, а не можеме да произведуваме месо за сопствени потреби, туку мораме да го купуваме во градските месарници и супермаркети. Наместо да произведуваме наша, поевтина храна, не ни е дозволено, а не знаеме зошто иако сега нема епидемија, нема ништо. Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, но сè уште немаме добиено повратна информација дали и кога повторно ќе можеме да чуваме свињи, истакна Здравко Арсов од Облешево.

Одгледувачите стравуваат дека чувањето свињи за сопствени потреби може да стане минато ако продолжат ригорозните здравствени мерки.

-Новите мерки, правени по европски терк, во нашата земја ќе доведат до искоренување на семејното одгледување на една до две свињи. Мислам дека нема да може секој да чува, туку ќе им биде дозволено само на одредени фарми. Ќе бидеме принудени да се откажеме од домашното свињарство и воопшто да не произведуваме свинско месо за свои потреби, истакна Тони Максимов од Облешево.

Сточарите нагласуваат дека скоро 90 отсто од големите и мали одгледувачи на свињи се веќе обештетени, откако заболените и ризичните животни им беа одземени и уништени. Во меѓувреме, затворен остана сточниот пазар во Облешево кој е еден до најголемите во источниот регион на државата.

Африканската свинска чума предизвика сериозни економски штети што допрва треба да се утврдат, а проценките се дека поради ширењето на болеста беа уништени околу 3.500 свињи во целата држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy