Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ДУРИ И ЗА 65 ОТСТО ОД ОСТАНАТИТЕ: „Дигитално писмените“ работници заработуваат многу повеќе
Економија

ИМААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ДУРИ И ЗА 65 ОТСТО ОД ОСТАНАТИТЕ: „Дигитално писмените“ работници заработуваат многу повеќе

26/02/2023

AA

Азиско-пацифичкиот
регион (APAC) прерасна од географски концепт во глобална економска машина од
неколку милиони жители, а денес е особено плодна почва за работниците со
напредни дигитални вештини.

Она што е уште
поинтересно за луѓето кои работат во областа на дигиталниот маркетинг – е
фактот што таму вработените заработуваат и до 65% повеќе од оние кои не
користат дигитални вештини во својата работа.

Овие податоци ги
истакнаа консултантските компании „Галуп“ и „Амазон веб сервиси“, а станува
збор за споредба на работници со ист степен на образование и ист работен стаж.

Напредните
дигитални вештини се однесуваат на вештини во сложени области како што се
развој на софтвер или апликации, вештачка интелигенција и компјутерско учење.

На пример, cloud
архитектите и развивачите на софтвер се сметаат за напредни дигитални
работници. Дигитално квалификуваните работници – односно оние со напредни
вештини, како и оние со основни или средни вештини (е-пошта, обработка на
текст) – додаваат приближно 4,7 трилиони долари на годишниот бруто-домашен
производ на регионот, известува CNBC.

„Организациите во
регионот APAC кои вработуваат напредни дигитални работници, како што се
развивачи на софтвер или cloud архитекти, пријавуваат годишни приходи во 2021
година 150% повисоки од организациите кои вработуваат само основни дигитални
работници и 286% поголема заработка од оние компании кои вработуваат дигитални
средно ниво работници“, се вели во извештајот за дигитални вештини за Азија
Пацифик 2023 година.

Во истражувањето
учествувале повеќе од 30.000 вработени и 9.000 работодавачи од 19 земји.

Испитаниците биле
од Австралија, Индија, Индонезија, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд, Сингапур,
Јужна Кореја и Тајланд.

Резултатите
открија дека висококвалификуваните дигитални работници во просек заработуваат
58% повеќе од нивните „врсници“ на работа, т.е. колеги кои воопшто не користат
дигитални вештини. Дури и вработените кои користат основни дигитални вештини
како испраќање е-пошта или обработка на текст – заработуваат 39% повеќе од оние
кои не користат никакви дигитални вештини на работа.

Оваа ситуација е
поизразена во Сингапур и Индонезија, каде што вработените кои користат кое било
ниво на дигитални вештини заработуваат 97% и 93% повеќе, соодветно, во споредба
со нивните колеги кои не се „дигитално писмени“, се вели во извештајот.

Галуп проценува
дека 72 отсто од работниците во азиско-пацифичкиот регион не користат компјутер
на работа, а дури 83 отсто од индиската работна сила не е „дигитално писмена“.
Од 28% кои всушност користат компјутер, само 8% користат напредни дигитални
вештини, додека 14% користат основни дигитални вештини.

Како што пишува
CNBC понатаму, речиси половина од анкетираните дигитални работници рекле дека
повисоката плата ги мотивира да бараат дополнителна обука во тој домен. На
пример, напредните дигитални работници во Индонезија имаат двојно поголема
веројатност да бидат „многу задоволни“ со своите работни места во споредба со
основните дигитални работници.

Од друга страна,
задоволството од работата меѓу „дигиталните основни“ и „дигитално напредните“
работници е приближно исто во земјите со високи приходи како Австралија и
Јапонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy