Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ – Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“
Економија

МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ – Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“

29/09/2023

AA

Селаудин Арифи
останува со 74 отсто од капиталот на кичевската млинско-пекарска компанија
„Жито Караорман“.

Иако тој даде понуда до сите преостанати акционери во ова друштво, нудејќи им да ги купи нивните акции, а на што беше и законски обврзан, тие
решиле да останат сопственици на акции во компанијата во која управувачки и
доминантен газда е Селаудин Арифи.

И покрај тоа што никој од акционерите на кои тоа им се нудеше не му ги
продал своите акции на Арифи, неговата понуда за преземање на друштвото се
смета за успешна, бидејќи биле испочитувани сите законски правила и прописи.

Имено, во неговата понуда за преземање тој не ставил праг на успешност на
понудата, што значи дека таа се смета за успешна дури и доколку не се јавил
ниту еден акционер кој посакал да му ги продаде своите акции. Во случај, пак,
да бил поставен таков праг на успешност, на пример, да се продадат најмалку 60
отсто од акциите, тогаш доколку тој не се реализирал, понудата не би се сметала
за успешна.

Значи бидејќи таков праг немало, Комисијата за хартии од вредност донела
решение дека понудата за преземање е успешна.

„Комисијата за хартии
од вредност на седница што се одржа на 20 септември, 2023 година, а со која
претседаваше  
претседателкaта Нора
Алити
, донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за преземање
акции издадени од 
‘Жито Караорман’ АД Кичево дадена
од лицето Селаудин Арифи
“, се вели во соопштението кое го опбјаила Комисијата за хартии од вредност.

Ова значи дека Селаудин Арифи, з, продолжува да газдува со 74,19 отсто од акциите, а
не со цела компанија.

Таму останува уште еден помал акционер кој поседува над 5 отсто од
капиталот, а тоа е Сашо Крстески, чии пакет е 5,09 проценти, како и 54 други
физичлки лица, кои заедно располагаат со уште не така мал процент од акциите,
односно 20,72 проценти од капиталот.

Инаку, Селаудин Арифи, како и секој друг акционер кој стекнал над 25
проценти од капиталот, бил обврзан да им понуди на сите акционери преземање на
компанијта, односно да ги откупи и нивните акции, но тоа не значи и дека тие
мора да прифатат да му ги продадат акциите.

Арифи немаше јавно наведено по која сума нудеше да ги докупи
преостанатите акции, но би можело да се претпостави дека цената исто така би била 10
евра по акција, односно по 615 денари, колку што изнесуваше и цената која му ја
даде на Миладиноски во блок трансакцијата во која го откупи неговиот доминантен
пакет.

Инаку, како што пишувавме, „Жито Караорман“во првото полугодие од годинава прикажа прилично тешка загуба
од над 318 илјади евра, откако во
истиот период ланската година, истата оваа фирма работела со добивка, иако не
толку висока, односно била на сума од 41 илјади евра
. Како причина за високите
расходи компанијата ги наведе
високите цени на енергијата потребна во процесот на работа и
сеуште намалената функција на мелницата поради тоа, односно производство на
брашно од сите типови
.

А, откако Арифи го презеде доминантниот дел
од компанијата, беше избрано и ново раководство.

Тој, пак, стана доминантен газда купувајќи близу 51 отсто
од капиталот од претходниот акционер Сретен Миладиноски.

За Арифи медиумите објавија дека е сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој е познат како газда на „АС Сењак“, фирма за која се пишуваше дека добива бројни државни јавни набавки.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46674
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески

09/11/2026

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy