Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЛАТА НИНА ЌЕ ПРОДАВА КРОФНИ УШТЕ ДЕНЕСКА, РЕДИЦА ЛУЃЕ ВО НЕДОГЛЕД: Собра пари за лекување на нејзиниот татко во Москва
Регион

МАЛАТА НИНА ЌЕ ПРОДАВА КРОФНИ УШТЕ ДЕНЕСКА, РЕДИЦА ЛУЃЕ ВО НЕДОГЛЕД: Собра пари за лекување на нејзиниот татко во Москва

28/06/2023

AA

Малата Нина Нинковиќ (11) стана главна тема, за жал поради
болеста на нејзиниот татко, на кој му треба итно лекување. Нина секој ден
продава крофни во Нови Сад по
симболична цена од 100 динари во населбата Адице од 17 до 19 часот.

Девојчето работи
напорно со денови, а граѓаните од сите делови на Србија се сплотени да и
помогнат и да и ја остварат желбата, татко и да отпатува на лекување во Москва.

Министерот Синиша Мали денеска за ТВ Пинк изјави дека
државата ќе и помогне на Нина и нејзиното семејство, а контактирал и со
министерката Даница Грујичиќ за да се најде најдоброто можно решение за таткото
на Нина.

red za krofne preslatke devojčice koja ih prodaje i skuplja pare za lečenje svog tate pic.twitter.com/6l8nAgfHUy

— Filip Baloš (@FilipBalos1) June 27, 2023

Наташа Нинковиќ, мајката на Нина, за Телеграф.рс открива
како се чувствува по радосната вест.

– Морам да кажам дека овде се лекуваме од 2016 година, но
ситуацијата се влошува. Благодарам на министрите, благодарам на сите лекари кои
се прекрасни и прават многу за нас – рече таа и додава дека финансиската состојба е многу подобра и дека
успеале да соберат пари за патувањето.

– Се отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и им
благодарам на сите. Морам да кажам дека ги собравме парите и одиме за Москва,
картата за да стигнеме чини 1000 евра, а останатите трошоци ќе видиме. Засега
имаме доволно пари.

Како што вели, не се плашат од патот, бидејќи обезбедиле се.

– Не се плашиме од патот таму, најдовме луѓе кои ќе ни
помогнат. Треба да да подготвиме
документацијата и одиме таму да предадеме се и да видиме, а потоа ќе
објавиме во која болница сме, а преку социјалните мрежи ќе објавиме и приближна
цена, ако ни требаат пари ќе контактираме со сите, и ако има премногу пари, ќе
ги споделиме со другите корисници на фондацијата.

На прашањето дали Нина продолжува да продава крофни, таа
кратко рече.

– И денеска ќе бидеме на старото место, некои не можеа да дојдат порано, па сега се најавија и сакаат да ни
помогнат, па ќе бидеме само уште денеска.
Секој што сака може да дојде – заклучува мајката на Нина Наташа.

Во 2016
година таткото на Нина Зоран Нинковиќ го загуби видот поради аблација на ретината. Во март 2022 година
повторно се случи аблација и беше дијагностицирана офталмија и панувеитис, и оттогаш животот на Зоран е загрозен.

Deo sa današnje akcije Tima Kreni Promeni Novi Sad koji je organizovao akciju za Ninu.

Hvala svima koji su bili.

Veliko imaš Novi Sade. pic.twitter.com/HYMEe4xjZ8

— Kreni-Promeni (@KPromeni) June 27, 2023

Тој оди во клиниката Звездара каде прима системска терапија,
хемотерапија и имуносупресивни капки. По една година од појавата на фибрин, поради
што видот му е заматен, се појавува и изразена фотофобија. Се следи состојбата
на целиот организам поради високи дози на хемотерапија.

Потребни се средства за понатамошна дијагностика, прегледи,
анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни
трошоци и сместување.

ФОТО: Tweeter

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy