Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Малата Јана која почина во битолската болница – на покачен шеќер и дале инфузија гликоза
Македонија

Малата Јана која почина во битолската болница – на покачен шеќер и дале инфузија гликоза

23/03/2023

AA

6-годишната Јана почина во болница откако на покачен шеќер 9, после приемот во Битолската болница и дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици.

Вака за „Апла.мк“ сведочи таткото Стојче Христовски од село Кравари кои вели дека девојчето е родено здраво, без ниту една посериозна болест констатирана од лекарите досега.

Резултатите од обдукцијата се очекуваат утре, по што семејството ќе постапи понатаму за тоа дали ќе бараат одговорност за лекарска грешка.

Таткото вели дека девојчето немало ни температура, туку само била омалаксана бидејќи дома повратила.

„Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта и се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на Болница. При првиот преглед на крвта шеќерот и беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката и даде инфузија со гликоза, а на сопругата и кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи“, сведочи таткото за „Апла.мк“.

Според неговите зборови, по оваа состојба се вклучил црвениот аларм и лекарите започнале да викаат и други лекари, а се консултирале и по телефон.

„Настанаа паники, дојде лекар од анестезиологија и малку ја повратија со инсулин. Не знам што ставија, но слушнавме дека моето дете му одговори како се вика. Им рече дека е -Јана. По кратко време лекарите си заминаа а девојче пак се изгуби. Итно ја зедоа на Интензивна, додека лекарката од Детско бараше на телефон совет како да постапува“, вели Стојче.

Инаку, малата Јана ќе биде погребана утре на селските гробишта во Кравари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy