Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАКСТИЛ“ СО ОДЛИЧЕН ПРОФИТ ОД 4,1 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ – компанијата го прокнижи и солидарниот данок кој треба да го наплати од државата
Економија

„МАКСТИЛ“ СО ОДЛИЧЕН ПРОФИТ ОД 4,1 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ – компанијата го прокнижи и солидарниот данок кој треба да го наплати од државата

02/05/2025

AA

Компанијата „Макстил“ ги објави
своите квартални извештаи кои се однесуваат на првите три месеци од годинава. Од Билансот на успех на
оваа челичарска компанија во земјава може да се види дека на приходната страна
компанијата ги прокнижила и средствата од солидарниот данок, коишто се очекува да ги наплати од
државата по одлуката на Уставен суд, кој, пак, во февруари годинава го поништи
Законот за солидарен данок, донесен од претходната власт.

Имено, во својот квартален
извештај односно Биланс на успех за годинава кој го објави компанијата, под
графата останати оперативни приходи, е наведено дека компанијата остварила
огромна сума од 4,78 милиони евра, што е раст за над 9.400 отсто во однос на
истиот период претходната година. 
Односно, во истото прво
тримесечје од 2024 година сумата на наплатени останати оперативни приходи е 50
илјади евра, додека во тој период годинава е 4,78 милиони евра, што е раст за
прецизно 9.412 проценти.

Од тие причини може да се извлече претпоставка дека оваа енормно висока сума на останати оперативни приходи се должи на прокнижувањето
на солидарниот данок од државата, со
оглед што износот на солидарен данок кој своевремено го плати Макстил изнесуваше 4,2 милиони
евра, и со тоа оваа компанија всушност го искешира највисокиот износ на солидарен
данок во државава, во однос на сите други 50 фирми што го платија.

Како што е познато,
државата ќе мора да врати вкупно 50 милиони евра, откако Уставниот суд во февруари
годинава го поништи Законот за солидарен данок. Пари од буџетот треба да им се вратат на 150 компании кои го платија. Инаку, ретроактивното
дејство на законот, погрешната примена на европската директива и селективноста на законот се главните аргументи поради кои уставните судии ја донесоа оваа одлука. 

Според претседателот на Уставниот суд,
Дарко Костадиновски, сега секоја компанија која што платила солидарен
данок, ќе може да си ги побара парите назад и тоа со камата, а државата има рок
од 5 години да им ги врати. Се очекува двете страни да седнат и да се
договорат, оти во спротивно ќе мора да се поведе судски спор. 

Бизнис заедницата беше иницијаторот за
проверка на уставноста на овој данок. Тие тврдеа дека данокот на солидарност ја
нарушува предвидливоста во работењето на компаниите и ги одвраќа
инвеститорите. Премиерот Христијан Мицкоски тогаш рече дека одлуките на Уставниот суд не се
коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донел одлука да се вратат 50-те
милиони евра од солидарниот данок, Владата ќе ги врати. 

Инаку, Макстил, и доколку
не беше прокнижувањето на овие средства, има многу успешно прво тримесечие, со солиден раст на приходите од продажбите. Нето добивката е 4,1 милиони евра, што е раст за дури 166 отсто во однос на истиот
период од минатата година.

Имено, вкупните оперативни
приходи на компанијата се за само три месеци на сума од 46,6 милиони евра, што
е раст за 38 отсто во однос на истиот период лани. 
Најголем дел од приходите
се приходи од продажба и тоа 41,7 милиони евра, што е зголемување за 24 отсто.

Од приходната страна се
гледа дека Макстил е огромен извозник, и дека за три месеци на странските
пазари продал стока за сума од 38,1 милиони евра, што е раст за 28 отсто. 
На домашниот пазар, пак,
продажбите се 3,6 милиони евра.

Оперативните расходи
тежеле 34,5 милиони евра, и тука има зголемување од 30 проценти. Најголема трошочна ставка
се трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 24,1 милиони евра,
што е раст за 38 отсто, додека, пак, услугите со карактер на материјални
трошоци биле 2,81 милиони евра, што е раст за 19 отсто.

За трошоци за вработените
компанијата платила 5,1 милиони евра, што е зголемување за 16 проценти.

Останатите трошоци од
работењето се 540 илјади евра, додека, резервациите за трошоци и ризици се 300
илјади евра.

Сето ова придонело
компанијата да има оперативна добивка од 4,85 милиони евра, што е зголемување
за 110 проценти.

По пресметката и на
финансиските приходи од 309 илјади евра, кои се зголемени во однос на лани, и
финансиските расходи од 583 илјади, а кои се намалени, излегува дека
компанијата остварила добивка пред оданочување од 4,57 милиони евра.

На овој износ е платен
редовен корпоративен данок од 473 илјади евра, што говори колку е битно за
државата големите компании да работат добро, бидејќи значителна сума преку
данок се враќа во државата. На пример во истиот период лани се платени 180
илјади евра за данок на државата.

После ова, нето добивката
на Макстил за првите три месеци е 4,1 милиони евра, што е зголемување за
одлични 166 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Н.Н.Ф.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy