Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Максимална казна од три години затвор добија тројцата обвинети за Вардариште
Магазин

Максимална казна од три години затвор добија тројцата обвинети за Вардариште

08/10/2025

AA

Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште.

Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност.

При донесувањето на пресудата беше посочено дека тројцата обвинети со тоа што откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови, предизвикале опасност по здравјето на луѓето, како и загадување на земјата и воздухот.

– Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање на отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на Законот за животна средина, а со тоа предизвикале опасност на здравјето на луѓето и загадување на околината.  Заради тоа се осудуваат на казна затвор по три години, гласеше пресудата.

Тројцата обвинети на минатото рочиште признаа вина за стореното дело – загрозување на животната средина и природа со складирање и создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, за што предвидената казна затвор е од три месеци до три години.

Основното јавно обвинителство Скопје на 11 септември поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. 

Одбраната на тројцата обвинети смета дека нема докази дека пожарите на депонијата биле на местото каде што бил фрлан отпадот на обвинетите.

Во обвинението стои дека тројцата обвинети на улица „Зендел Џемаил“ во Скопје, во периодот од 2020 година до 2 септември 2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад.

Согласно обезбедените докази на Обвинителството тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата Вардариште. Со ваквите незаконити дејствија, како што стои во обвинението, обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.

Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, од ОЈО Скопје тогаш информираа дека се издадени повеќе наредби со цел откривање и на други сторители на кривични дела, како и дека во финална фаза се и вештачењата во однос на сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари. Двајцата, се посочува, подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад, а на која на 9 јули беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy