
Максим: Ме задеваат за косата, а не знаат дека ја пуштам за децата болни од рак
Деветгодишниот Максим Каески веќе неколку години пушта коса, и иако овој изглед му се допаѓа, бидејќи го потсетува на неговите идоли, сепак примарната цел е хумано дело, односно за кога ќе порасне доволно, истата да ја скрати и да ја донира за перика за дете болно од рак.
Поради неговата коса, Максим често е мета на навреди од страна на неговите врсници, но како што истакнува за „Радио Слободна Европа“, не го навредуваат неговите другари, туку оние деца кои не го познаваат и кои не ја знаат причината за тоа.
Во продолжение погледнете го видеото:
