Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Mаксим Димитриевски пак ќе се кандидира за градоначалник на Куманово
Македонија

Mаксим Димитриевски пак ќе се кандидира за градоначалник на Куманово

06/06/2025

AA

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира за уште еден мандат на локалните избори, потврди денеска претседавачот на Централниот одбор на партијата, Игор Филков.

На прес-конференција, Филков изјави дека ЗНАМ активно преговара со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на локалните избори, но дека некои одлуки се веќе донесени.

„Во моментов преговорите се во тек. Но, она што можам со сигурност да го потврдам е дека ќе имаме кандидат за градоначалник во Куманово, и тоа ќе биде нашиот претседател Максим Димитриевски,“ изјави Филков.

Тој додаде дека ЗНАМ ќе настапи со кандидати и во други општини низ државата, меѓу кои и најмалку една општина во Скопје, но преговорите за тоа сѐ уште траат.

Одговарајќи на прашање за можниот изборен модел, Филков порача дека партијата е подготвена за избори во секој момент и под било какви услови.

„Ние како ЗНАМ сме подготвени уште утре да има избори, со било каков модел. Со ова рапидно растење, со ова пристапување на нови членови и поддржувачи, можеме и в недела да излеземе на избори,“ рече Филков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026
Македонија

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на

12/02/2026
Македонија

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026
Македонија

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација,

12/02/2026
Македонија

За викенд не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи

12/02/2026
Македонија

Бислимоски поднесе оставка од РКЕ 

12/02/2026
Македонија

ЈАС ЈА СОСТАВУВАМ ВЛАДАТА, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ Мицкоски

12/02/2026
Македонија

Три физички и едно правно лице обвинети за пожарот кој

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41369
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одржа протест пред Стопанската комора, истакнувајќи дека понудата за зголемување на платите сè уште

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на медицински канабис

12/02/2026

Министерството за здравство започна вонредни контроли на сите компании што произведуваат медицински канабис во земјава. Министерот Азир Алиу денеска изјави

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска најави почеток на обемна акција за контрола на сите компании кои имаат лиценца за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy