
Максим Димитриевски и Арбен Таравари собраа 10 илјади потписи за претседател
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател.
„Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски вечерва на својот профил на „Фејсбук“.
Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере потребните потписи за влез во претседатеската трка. Тој на својот „Фејсбук“ профил објави дека ги собрал потребните 10 илјади потписи.
„Благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за вас“, пишува Таравари во објавата на Фејсбук.