
МАКРОН ГИ ПОВИКА ИНВЕСТИТОРИТЕ ДА ВЛОЖУВААТ ВО АЛБАНИЈА: Вели за две години таа ќе биде во ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон повика да се инвестира во Албанија, држава која во 2027 година ја гледа во Европската Унија(ЕУ).
Тој во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што наведе, ќе биде во ЕУ „за две години“.
„Европа е „стабилно и доверливо место“, рече Макрон.
Според него, Албанија е „влезна точка“ во регионот на Балканот и пошироко во медитеранскиот басен.
„И за две години, за што премиерот Еди Рама има јасен мандат, таа ќе се приклучи на ЕУ“, рече Макрон.
Албанскиот премиер изјави дека преговорите на неговата земја за приклучување кон ЕУ почнале во 2022 година и додаде дека ако „добро ги завршат сите свои задачи“, би можеле да ги „заклучат до 2027 година“, додавајќи дека тоа „би било неверојатно“. И Црна Гора има шанси за брзо време да влезе во ЕУ. Македонија не ги почна преговорите и ја раздвоија во преговорите од Албанија.
foto X / Emmanuel Macron