
„Макпетрол“: Природниот гас за април достапен по цена пониска за 13 отсто
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец април ќе се намали за 13 отсто за мегават час, во однос на цената за месец март ова година.
„Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол, се намалува за 8 отсто, односно, за 6 денари за килограм (4,248 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 75 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 69 денари за килограм или 48,85 денари за литар“, се вели во соопштението од компанијата.

