
МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите
Британските пензионери ќе плаќаат данок на пензиитe. Износот на данокот е еквивалентен на околу три недели живот, тврдат експертите, а пензионер чиј приход е малку над даночната стапка, можеби, нема ни да има толку пари на располагање.
Британските даночни власти ќе испратат 700.000 писма до пензионерите со даночно барање од 665 фунти во просек. На многумина ќе им биде кажано дека за првпат должат данок на своите пензии, пишува британски „Сан“. Надлежните институции пресметале дека бројот на даночни обврзници е зголемен во однос на периодот пред две години, кога биле контактирани 120.000 лица помалку. Ова може да биде удар за финансиите на пензионерите.

