
Македонското небо затворено за Нова година, ако директорот не ги повлече огласите
индикатот на контролорите на летање утринава му испрати известување на директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди дека ќе стапи во штрајк од 31 јануари, дента на дочекот на Новата година, до втори јануари, ако не ги повлече двата огласа за вработување што тајно ги распишал, пишува Сакам да кажам.
Според Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролорите на летање, менаџментот под раководство на директорот Фахрудин Хамиди го прекрши договорот постигнат пред министерот за транспорт Благој Бочварски, и на мала врата во претпразничната гужва, распишал огласи за вработување со несуштински профили.
Во едниот од огласите се бара „деловен асистент“, а со другиот се реализира старата намера претходниот директор Миѓен Селмани пак да се вдоми во М-НАВ.