
Македонското дерби во Шкотска за Миовски иако не постигна гол
Тоа беше македонското дерби во шкотското првенство иако Македонците во двете екипи на терен заедно поминаа само две минути. Бојан Миовски играше до 72. минута за Абердин, а во 70., на теренот се појави Давор Здравковски. Ниеден од нив не учествуваше, директно или индиректно, во постигнувањето на некој од шесте гола.
Абердин водеше со 4-0 до 79. минута, а потоа домашниот тим постигна два гола за да го ублажи поразот. Тимот на Миовски сега има 12 бода со натпревар помалку кој ако го добие, ќе се искачи дурии на четвртата позиција бидејќи заостанува само два бода за Хартс. Мадервел е на деветтата позиција со 11 бода.
